Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е загрижен за поразот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, додавајќи дека има позитивно мислење за новоизбраниот лидер Петер Маѓар.
Во изјава за американски медиуми, Трамп истакна дека очекува Маѓар да ја води земјата во добар правец.
„Мислам дека новиот човек ќе заврши добра работа, тој е добар човек“, изјави Трамп.
Тој додаде дека не бил премногу вклучен во кампањата, иако претходно му даде поддршка на Орбан.
„Тој беше многу зад. Не бев толку вклучен во ова. Виктор е добар човек“, рече Трамп.
Иако Трамп кратко се појави на предизборен митинг, поголема улога во кампањата имал потпретседателот Џ.Д. Венс.
По 16 години на власт, Орбан ја загуби позицијата, откако гласачите во Унгарија во голем број излегоа на избори и дадоа поддршка на проевропскиот курс предводен од Маѓар.
