Во судница беа презентирани нови видеоснимки како докази во предметот против Стоанче Jовановски, кои фрлаат светло врз сериозни обвинувања за семејно насилство.
Снимката, направена на 10 февруари 2026 година од телефонот на обвинетиот, го прикажува моментот непосредно откако Ивана го пријавила на бројот 112. На видеото се гледа како таа стои во ходникот пред вратата од станот во кој живееле, видно вознемирена, со прекрстени раце, плаче и се обидува да се заштити.
Jовановски во текот на целиот разговор ја снима со мобилен телефон, додека Ивана го моли со зборовите „Не ме удирај веќе“, на што тој одговара: „Добро, не те удирам“. Во исто време, таа го прашува зошто ја удрил, додека се држи за пределот кај бубрезите, а тој се смее и ја исмева.
Во еден момент, Ивана тврди дека била турната по скали и дека завршила во болница, прашувајќи го дали сакал да ја убие, како и колку пати претходно ја тепал. Таа исто така споменува дека постојат повеќе пријави за насилство во системот.
Ситуацијата дополнително ескалира кога Ивана го обвинува дека користи дрога, велејќи дека „дрогата му го исушила паметот“ и дека бил фатен со дрога, но се обидувал да ја негира одговорноста.
Снимките, според обвинителството, претставуваат клучен доказ во постапката, а судењето продолжува со изведување на дополнителни докази и сведочења.
