Руските државни медиуми, вклучително и TASS, објавија дека во Москва постои сериозна загриженост поради можноста генерал-мајорот Роман Гофман да биде назначен за нов директор на израелската разузнавачка служба Mossad.
Според извештаите, руските власти стравуваат дека под негово раководство, Мосад би можел да ги интензивира активностите насочени против руските интереси, што дополнително би ги влошило односите меѓу Русија и Израел.
Гофман во моментов ја извршува функцијата воен секретар на премиерот Бенјамин Нетанјаху, а неговото можно унапредување се гледа како дел од пошироки безбедносни и кадровски промени во израелскиот безбедносен систем.
Инаку, Гофман е со белоруско-еврејско потекло, што исто така се споменува во анализите на руските медиуми. Засега нема официјална потврда од израелска страна за ова назначување.
